Актуелно // Insta вести
Ќерката на Тамара тргна по нејзини стапки: „Само напред Ханчи моја, ти си мојата гордост“
Хана, ќерката на пејачката Тамара Тодевска го имаше првиот јавен час по клавир. Тамара како секоја горда мајка на своето дете, сподели кусо видео од настапот на Хана.
РЖМ
„Љубовта моја денес има јавен час по клавир. Свири и една своја композиција. Само напред Ханчи моја. Ти си мојата гордост“, напиша Тамара.
Пред настапот пејачката имаше навистина голем предизвик по снежниот викенд во Маврово.
Инаку колата на Тамара била натрупана со снег, но некако успала да ја надмине оваа пречка и навреме да стигне за настапот на Хана.
Инаку ќерката на Тамара досега имаше и нeколку настапи по хип хоп, очигледно е дека ја влече музиката. Па дури и беше дел од спотот на нејзината мајка за песната „Торнадо“ со своја кореографија.
Фото: ИнстаграмРЖМ