Ѕвона, детски хор и празничен ритам: Павле Камилоски со нова новогодишна песна!

Добивај вести на Viber

Со новата новогодишна песна “Иде Нова Година”, Павле Камилоски претстави музичко издание кое ќе ја заживее празничната атмосфера во нашите домови и ќе ни ја разбуди радоста во срцата.

Песната, чија музика ја пишуваат Дамир Пух и Наташа Миха, а текстот Ксенија Николовска, ја носи магијата на празниците создавајќи уникатен музички пејсаж. Веселите ѕвона, дечињата кои пеат во хор и мелодичниот глас на Камилоски создаваат хармонија која нежно ја води душата во светот на новогодишните желби и радости.

Аранжманот е дело на Дамир Пух, додека хорскиот аранжман е на Наташа Миха. Малите славејчиња од детскиот хор “Крешендо” под диригентската палка на Фотини Георгиадис Кировска и Марија Пулковска Здравковска, ја внесоа празничната хармонија давајќи и на музиката топлина и радост.

“Иде Нова Година” не е само музички спектакл, туку и потсетник дека Новата Година е време на нови почетоци, нови надежи и соништа кои се остваруваат. Ова е песна која ќе стане омилена во сите домови, носејќи ја радоста и празничната магија во срцата на сите нас.