Пред 26 години: Ова е првоto јавно појавување на Марија Шерифовиќ, еве како изгледаше пејачката тогаш

Добивај вести на Viber

Марија Шерифовиќ за прв пат се појави во јавноста на ТВ Пинк во 1998 година. Таа гостуваше кај нејзината мајка Верица Шерифовиќ и заедно го отпеаа хитот на познатата група Suncokreti „Moje bube".

Мајка и ќерка за прв пат ги вкрстија гласовите и заедно настапија пред телевизиските гледачи.

Марија тогаш имаше четиринаесет години. Таа беше осмо одделение, но ги покажа своите гласовни способности. По тој повод носела патики, фармерки, маичка над која облекла кошула. Интересно, таа остана доследна на својот стил до ден-денес.

Нејзината мајка во таа прилика била расположена и во опуштено издание, но сепак згодна и природно убава жена.


Оттогаш Марија е честа гостинка во емисиите и се‘ почесто ги покажува своите вокални способности. Публиката се заљуби во нејзината непосредност, а хитовите кои ги објавуваше во соработка со композитори и текстописци постојано се нижеа.

Шерифовиќ од самиот почеток покажа дека нејзиниот моќен глас и талент се нејзиниот најголем адут.

Верица и Марија се поддржуваат и во добри и во лоши моменти. Марија стана родител на почетокот на декември минатата година и секојдневно покажува колку ѝ е важна таа улога.


Фото и Видео: Youtube