Актуелно // Insta вести
Две Македонки со убавина ја освоија Европа: Ева и Каролина го восхитија жирито
Во Бејрут, Либан се одржа изборот за Мис на Европа 2024 на кој нашата држава имаше две претставнички, 20 годишната Ева Јовановска од Тетово и Каролина Јанчовска, 21 година од Скопје. Двете од Либан се вратија со титули. Ева ја освои титулата 4 -та придружничка, а Каролина титулата Miss Elegance.
Победничка, односно новата Мис на Европа е претставничката на Русија, Прва придружничка е претставничка на Белорусија, а титулата Втора придружничка ја освои Украинка.
Двете наши убавици се дел од Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за овој избор за убавина кој традиционално векје со години се одржува во Бејрут, Либан во организација на Style Events Organization.