Џеј Ло остана без пари среде гласините за развод?! Фотографирана е како лета во економска класа низ Европа со „обичните смртници“
Поради гласините за развод од Бен Афлек, холивудската актерка и пејачка Џенифер Лопез беше фатена како лета во економска класа за време на викендот.
Џенифер Лопез, која има проценета нето вредност од 400 милиони долари, докажа дека сè уште е „Џени од блокот“додека леташе со економска класа од италијанскиот град Неапол до Париз, Франција, 2 часа и 20 минути оваа сабота.
Фотографиите добиени од MailOnline покажуваат дека Џеј Ло (54), облечена во тренерка како дреме на прозорско седиште на летот на KLM - каде цените започнуваат од 134 евра.
И покрај тоа што летовите на KLM нудат кабина од бизнис класата, мајката на две деца одлучила да патува во делот за економска класа - иако изгледаше дека резервирала средно место за нејзината чанта.
Одлуката на
Џеј Ло да лета со економска класа доаѓа откако доживеа финансиски удар
откажувајќи ја својата турнеја поради брачната расправија со Бен Афлек.
Откако поминала низ царината и обезбедувањето меѓу толпата луѓе, таа отпатувала со својот телохранител, кој седел на седиштата на патеката. Таа наводно била добро расположена и покрај гласините за развод, но и финансиските проблеми.
Џеј Ло вчера пристигна во Париз, каде присуствуваше на ревијата на модната куќа Диор, на која беше прикажана колекцијата Висока мода за есен/зима 2025 година.
Фото: TMZ/ InstagramИзвор: Zena.blic.rs