Џејми Оливер сакал да ги почести Меган и Хари, а тие го откачиле
Иако од венчавката на принцот Хари и војвотката Меган Маркл поминаа седум месеци, познатиот готвач Џејми Оливер дури сега одлучи со јавноста да го сподели своето незадоволство од кралското семејство.
Џејми Оливер, како што вели сакал да биде присутен на венчавката, но неговата желба била одбиена.
Готвачот во официјално писмо кое го испратил до кралскиот дворец, се понудил лично тој да ја подготви целата храна за ВИП гостите, но до денес, тој не добил никаков одговор на писмото.
Гостувајќи на британскиот „Канал 4“, Оливер открил дека сакал да го понуди најдоброто од британските и од американските готвачи во својот кетеринг на венчавката и сето тоа сакал да го стори бесплатно. Но, без оглед на великодушната понуда на Џејми и идејата да го „почести“ кралското семејство, тие го игнорирале. Место него, храната ја подготвила Клер Смит, шеф од Северина Ирска.