„Еден свет: Заедно дома“: Глобален настан за борба против КОВИД-19 во кој ќе учествуват најголемите sвезди на денешницата
Светот запре - но креативноста не. Подгответе се за настанот Еден свет: Заедно дома / One World: Together At Home.
Станува збор за специјален настан, глобален добротворен концерт, за да се подигне свеста и да се придонесе за финансирање за глобалната борба против КОВИД-19. Организацијата „Глобален граѓанин“ и Светската здравствена организација се здружија со познати личности во уникатно шоу во кое ќе настапуваат некои од најголемите sвезди на денешницата.
Програмата „Еден свет: Заедно дома“, која продолжува со успехот на дигиталната серија активности под истото име, има за цел да ги истакне херојските напори на здравствените работници и да ја поддржи Светската здравствена организација во борбата против пандемијата.
Овој настан го води Лејди Гага, со ексклузивни настапи и настапи на: Аланис Морисет, Андреа Бочели, Били Ајлиш, Били Џо Амстронг од Green Day, Бурна Бој, Крис Мартин, Дејвид Бекам, Еди Ведер, Елтон Џон, ФИНЕНЕС, Идрис и Сабрина Елба, Џеј Балвин, Џон Леџенд, Кејси Мусграјвс, Кит Урбан, Кери Вашингтон, Ланг Ланг, Лицо, Малума, Пол Мекартни, Пријанка Чопра Џонас, Шах Рух Кан и Стиви Вондер.
Домаќин на двовочасовната програма ќе биде добро познатото американско трио на вечерашни емисии: Џими Фалон, Џими Кимел и Стивен Колберт, а ќе бидат претставени и најголемите sвезди во светот кои донираат мултимилионски суми на Фондот за солидарност на Светската здравствена организација.
Оваа програма ќе ги охрабри гледачите со ексклузивните настапи на светски познати музичари, спортисти, комичари со примарна цел да ги едуцираат и информираат гледачите за ризиците од КОВИД-19, превенција и третман. Трансферот ќе вклучува интервјуа со експерти на Светската здравствена организација, како и приказни од прва линија од медицински професионалци ширум светот за нивната храброст и пожртвуваност како потсетник за нивниот непосреден одговор.
После преносот во живо вечерва,18 април, Еден свет: Заедно дома, ќе се емитува на Канал Е! во недела, 19 април во 19 часот.
Izvor: Noizz.rs