(ВИДЕО) Немал симптоми: Славниот актер позитивен на коронавирус

Идрис Елба вчера објави дека направил тест за корона и позитивен е.
Предупредува дека немал симптоми, но решил да се изолира и тестира откако сфатил дека бил во контакт со друго лице кое било позитивно на коронавирусот.  

Бидете позитивни и останете дома - порача Идрис Елба 



Инаку Елба е англиски актер, продуцент, музичар, има играно во многу познати филмови како Лутер, Брзи и Бесни, Авенџери и многу други, а беше и на листата на 100 највлијателни луѓе на Тајм.