Единствен Крал Чичко Ферус мој,многу ќе ми фалиш…Џамбо Агушев скршен од загубата на легендарниот Мустафов

Естрадата се збогува од легендарниот Ферус, за чија смрт јавноста дозна утринава.

Смртта силно го погодила и Џамбо Ангушев кој на Фејсбук напиша емотивен статус.

„Ти беше еден од најдобрите и најпознатите музичари што некогаш сум го имал до мене до самијот крај на твојот живот, како мој Учител советник како мој втор татко за совети кој немаше никаква лyбомора на ниеден колега затоа што ти беше самијот Крал на својот инструмент и занает , и кој Бевте искрен, сигурен и одличен критичар. Благодарение на тебе сум денес тоа што сум го постигнал во музиката, со твоето најдобро пренесено искусво, ке бидеш секогаш запаметен во моето срце како најдобар човек што го имав до мене единствен Крал Чичко Ферус мој ,многу ке ми фалиш….

ПОЧИВАЈ ВО МИР“ - напиша Џамбо на Фејсбук споделувајќи низа фотографии на кои настапувале заедно.



ФОТО: Фејсбук Џамбо Агушев