Едното дете го сака повеќе од другите две: „Не ми е гајле што мислат луѓето, имам причина зошто тоа е така“

Самохраната мајка Сандра Вилсон (39) од Лондон вели дека времето поминато со едното дете го прави поподносливо времето поминато со нејзините други две деца. Таа најмладиот син го доела подолго од останантите две деца.

Момчето денес има 7 години и неговата мајка мисли дека е поспецијален од другите. Таа дури е убедена дека секогаш ќе биде најважната жена во неговиот живот, пренесува The Sun.

- Не очекував дека ќе имам фаворит. Мислам дека повеќе го сакам, морам да признаам – изјавила оваа мајка која решила да остане анонимна за да го избегне осудувањето од луѓето кои ги познава.

–Тој навистина ме чувствува и доколку сум лута доаѓа до мене и ме прашува зошто, па ме прегрнува. Не го барам тоа од него, тој сам е чувствителен, и тоа е навистина прекрасно – рекла таа.

- Тажна сум кога не е дома. Тој тоа го знае, па секогаш ми праќа СМС „Мамо, добро си?“. Ние сме едноставно духовно поврзани. Верувам дека луѓето можат да се поделат на оние кои даваат и оние кои земаат енергија. Тој само дава, а другите двајца земаат, па во мојот случај полесно е да имаш три деца отколку две - продолжи таа.

Таа признава дека во одреден момент се чувствувала виновна што била пристрасна кон едното дете. Дури се обидела малку повеќе да го игнорира за да им посвети повеќе внимание на другите, но набрзо се почнало да се одвива како и претходно.


Фото:Unsplash.com