Ејсап Роки уапсен за пукање во маж на улица: Бремената Ријана со нов проблем

ФОТО: DIGGZY/SHUTTERSTOCK

Ријана и Есајп Роки по гласините за наводното неверство на пејачот заминаа на патување на Барбадос, каде уживаат во одморот пред да пристигне новиот член во нивното семејство.

Сепак на грижите на популарната пејачка која покажа еден поинаков труднички стил, им нема крај. Овој пат нејзиниот партнер е уапсен за напад со смртоносно оружје (огнено оружје).

Детективите на одделот за грабежи-убиства на полициската управа во Лос Анџелес, го потврдија апсењето на Ејсап Роки.

Според соопштението за печатот, објавено денес, „На 6 ноември 2021 година, околу 22:15 часот, се случи расправија помеѓу двајца познаници во областа на авенијата Селма и авенијата Аргил, во областа Холивуд. Расправијата ескалирала и резултирала со тоа што осомничениот пукал со пиштол кон жртвата. Од инцидентот жртвата се здобила со полесни повреди и подоцна побарала лекарска помош. По пукањето, осомничениот и уште двајца мажи избегале од областа пеш.“

Детективите велат дека работеле за да ги потврдат информациите што им биле дадени и на крајот довеле до апсење на Ејсап Роки. Тој е обвинет за напад со смртоносно оружје (огнено оружје).


Извор: www.justjared.com