(ФОТО) Елегантна невеста и шик младоженец: Борко Ристовски вечерва прави свадба

Добивај вести на Viber

Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски и неговата партнерка Николина вечерва прават свадба. Борко и Николина симболично го избраа овој датум, ден пред Бадник.

Минатата година, двојката склучи граѓански брак, а најголемата среќа во 2018 беше раѓањето на синот Душан. 

Свадбата, на која главен гостин е синот е на само неколку дена пред светското првенство во ракомет во Германија, а се случува во хотелот  „Мериот“. Гостите уживаат во музиката на српскиот женски состав „Фрајле“ и нашите познати пејачи Наум Петрески и Ѓоко Танески. Невестата е облечена во класичен и елегантен венчален фустан со тантела, а Борко во шик костум со сина кравата.

„ Овој период денот ми започнува во шест часот кога синот Душан е веќе разбуден, насмеан и подготвен за играње и доручек. Ме мотивираат толку многу работи кои што со самата помисла ми даваат толку енергија, толку решителност и толку желба да секојдневно бидам подобар во она што сум и што го работам. Силата и мотивацијата ја црпам од мојата фамилија, моето семејство, мојот син по кој сум неописливо луд“, ни изјави Борко неодамна. Ристовски, кој потпиша договор со португалскиот гигант Бенфика, со семејството живее во Лисабон.