Елена Ристеска направи ретроспектива каде и како го прославувала роденденот низ годините: Многу роденденски забави на патувања (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Пред неколку дена, нашата позната пејачка Елена Ристеска го прослави 37-от роденден.

По тој повод, голем број на колеги, соработници и обожаватели јавно ѝ ги посакаа своите најубави желби, а помеѓу морето честитки, особено се истакна онаа која ѝ ја напиша нејзината сестра Драгица.

Сега, неколку дена по роденден, откако сите емоции ѝ спласнаа, се огласи и самата пејачка. Таа јавно им се заблагодари на сите за искрените честитки, воедно низ неколку фотографии и со малку подолг опис откри како и каде го прославувала роденденот низ годините.

„Пред два дена, на 27-ми Април полнев 37 години, ви благодарам на сите за честитките кои непрестајно пристигнуваат деновиве.

37 години, 37 родендени, полни со изненадувања од најблиските, многу роденденски забави, ковид родендени, мирни семејни родендени, работно поминати родендени, роденден во Белград, во Аленсон - Франција, во Фиренца - Италија на екскурзија, во Монако со друштвото, во Грција, роденден во кафич, во кафана, покрај базен, дома, на ден Велигден, онлајн на видео кол со друштвото, онлајн со Бекстејџ, родендени со семејството и дување на свеќи со мојата внука Делфина, изненадувања под прозор од другарките итн.

Најважно е да ги поминуваме родендените во добро здравје, со добра музика, добро друштво и среќни, благодарни и задоволни од животот. Другото е небитно. Ве сакам“ - напиша Елена покрај фотографиите кои ги сподели на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era)


фото: Принтскрин / Инстаграм