Во успони и падови, болка и среќа...ти си секогаш тука: Драгица емотивно за роденденот на сестра си Елена Ристеска

Добивај вести на Viber

Нашата позната пејачка Елена Ристеска денеска слави роденден.

Бројни колеги и соработници ѝ праќаат пораки за роденденот, а меѓу првите е и нејзината сестра Драгица, која на Инстаграм напиша колку ѝ значи нејзината сестра што ја има во животот.

„Во успони и падови, болка и среќа...ти си секогаш тука. Среќен роденден на мојата сестра, напиша Драгица покрај фотографијата на која се наоѓаат таа, Елена, нивната мајка и ќерката на Драгица.


Набрзо, на оваа убава пишанка, возврати и самата Елена која напиша:

„Сестринската љубов е безусловна. Те сакам до Месечината и понатаму“!

Денес, Елена полни 37 години. 

Среќен роденден Елена.


Моите дела се огледало на мојата душа: Ликовната уметница Драгица за изложбите, животот и сестрата Елена Ристеска