Емилија Розман повторно ја изненади јавноста, ова не го очекуваше никој: Заедно со личноста која нејзе ѝ е сѐ
Емилија Розман во 2015 година беше крунисана како најубава Македонка и ја претставуваше нашата земја на изборот за Мис на светот, а оттогаш нејзините успеси одат само во нагорна линија.
Познато е дека има завршено два факултети, а на почетокот на ова нова академска година се пофали дека запишала нов трет факултет за Молекуларна биологија со генетика на Природно-математичкиот факултет.
Таа е сопственик на цвеќара, каде секојдневно си ја изразува својата креативност, а овој пат изненади со песна. Имено во познато кафуле во Штип запеа на микрофон пред публика со нејзиниот брат Бобан.
Двајцата ја пееја добро познатата македонска песна од неповторливиот вечен романтичар Владо Јаневски, Чаирска романтика.
Емилија на Инстаграм Стори сподели дел од атмосферата со публиката и откри колку уживала на сцена со брат ѝ.
Фото: Инстаграм - Стори - printscreen