Емотивна фотографија на Даниел Кајмакоски со синот: Ова се моменти кои се паметат

Пејачот Даниел Кајмакоски објави емотивна фотографија со синот под која стави опис: „Ова се моментите што се паметат засекогаш, затоа што тие остануваат во нашите срца засекогаш..“.

Победникот на првата сезона на талент-шоуто „Икс фактор“ и манекенката Кристина го имаат синот Давид кој неодамна наполни три години. По нивниот развод, синчето живее со манекенката во Тетово.