ЕПИДЕМИЈАТА НА МАЛИТЕ СИПАНИЦИ НИ Е НА ПРАГОТ, А РОДИТЕЛИТЕ СЕ ПЛАШАТ ОД АУТИЗАМ: Опфатот со МРП вакцина е далеку од потребниот

Добивај вести на Viber

Во Македонија опфатот со МРП вакцината која штити од морбили, рубеола и заушки е далеку од потребното ниво за колективен имунитет за да не дојде до евентуална епидемија од овие болести. Ова е сериозен аларм здравствените власти во земјава да повикаат на поголема свестност кај родителите кои не сакаат да ги вакцинираат децата со оваа вакцина, плашејќи се од појава на аутистичен спектар. Ценат дека правилното информирање за значењето на вакцината е клучно, наместо информациите кои ги читаат на Интернет.

Сепак, голем дел од младите родители, не сакаат да слушнат да го вакцинираат своето дете.

- Лекарите, посебно педијатрите не убедуваат дека нема конкретни докази кои укажуваат на појавата на аутизмот со примање на МРП вакцина која штити од малите сипаници и од заушките. Напротив, велат дека има случаи на аутистични деца кои не примиле ниту една вакцина, а сепак имаат аутистичен спектар. За нас, родителите секако дека е најважно здравјето на децата, но како да се одлучиме на вакцинација, кога секојдневно се соочуваме со „море“ од разно разни информации. Јас, на пример ќе го вакцинирам моето дете со оваа вакцина откако ќе направи шест години, значи ќе почекам убаво да го развие говорот и сите останати когнитивни функции. За среќа, работам од дома, бидејќи сум ИТ инженер, па не морам да го носам во градинка. Ризикот да се зарази со морбили, рубеола или заушки е сведен на минимум, вели мајка на 3 годишно синче од Скопје.

Продолжува на Фактор.мк