Еротски приказни: ЗАБАВА
Неочекувано, желбата ми се исполни. Моите соништа станаа реалност. Повторно го сретнав Кримо! Мојот спасител! Заборавив дека е студент и дека можеби и тој дошол на забавава да се сретнеме. „Ајде Дора, многу фантазираш. Тој е со друштво, чисто пријателски ме покани да играме. Но, ете можел и Роза да ја покани. Ѝ неа ја спасуваше“, си реков во себе.
Кога ме допре, мислев дека стомакот ми се наполни со пеперутки. Повеќе летав отколку што играв. Не можев со месеци да прекинам да мислам колку бевме исплашени и кога го видов како храбро се справува со бурата и нè спасува, ми ја врати вербата во човекот. Тој негов нежен допир со кој ме спасуваше. Истото чувство ме обзеде и сега. Секој негов допир предизвикуваше бура од емоции. Сакав да ме бакне тука пред сите. Нека ме видат сите дури и Исидора. Во таа полутемнина ја видов Исидора. Играше прегрната со Антонио во некој танц, кој повеќе личеше на љубовен, и не забележуваше никого околу неа.
Музичарите направија пауза и прекинаа да свират. Исидора и Антонио ни се доближија. Таа нè погледна двајцата и не можеше да премолчи: „Дадо, па овој твој спасител Кримо е многу убав. Меѓутоа, Антонио е уште поубав“, стегајќи го за рака. Исидора сакајќи да биде важна кажува само глупости. Ми стана непријатно, но се сетив дека е добро што Кримо не разбира инаку Исидора ќе не засрамеше. Потоа, му се обрати на Антонио со нејзиниот весел и заповеднички глас: „Антонио, ние ќе одиме надвор да се изгушкаме таму кај паркчето“. Ете што ќе ти каже Исидора, меѓутоа не можев да изреагирам ништо пред луѓето.
Тие излегоа, а ние продолживме да играме. Кримо седна на неговата маса и играше со девојките од масата. Роза се сретнала со една девојка од нејзиниот крај, а таа нè запозна со двајца нејзини колеги од факултет Степан и Иво. Двајцата беа студенти од трета година на медицина. Како што ми почна вечерта со средбата со Кримо, не ми беше интересно да се запознавам со други, но и тој беше со друго друштво.
Иво се залепи до мене и цело време ме канеше да играме заедно. Мене мислите ми беа на друга страна, меѓутоа играв поради учтивост, а и за тоа беше целта на забавата – да се забавуваме. Сè беше навистина убаво организирано. По музиката, следуваше лотарија, а потоа, коктел. Лотаријата беше направена од спонзори. Премијата беше бесплатен престој на семинар, како втора награда имаше компјутер, а трета награда беше торта.
Помина речиси час, а Исидора и Антонио сè уште ги немаше. Се загрижив дека ги нема и отидов во паркчето околу салата да ги побарам. Не можев да ги видам и викнав на сите страни: „Исидора“! Одеднаш, гледајќи напред забележав две грмушки што се нишаат и преку нив се ѕиркаше лицето на Исидора. Исидора беше во некој транс.
Се приближив поблиску и меѓу зеленилото видов клупа. Се запрепастив. Антонио седеше на клупата полугол, а Исидора седната врз него, го „јава“ најсилно што може, небаре се коњчиња, кои трчаат по ридот. Двајцата беа занесени во „играта“ и не гледаа ништо околу нив. Тој ѝги гризеше брадавиците, а таа му ги гризеше ушите. Се приближив до нив. Тие не ме забележаа и продолжија. Таа се спушташе и тој ја креваше високо. Потоа, таа седна врз него и по неколку секунди ја завршија нивната „игра“ со заеднички крик.
Се заледив. Само Исидора ова можеше да го направи. Пред толку народ да излезе на сред забава и во блискиот парк да води љубов и да ужива. Стоев неподвижно еден момент чекајќи ги да ја завршат „играта“ и да ме видат. Кога ме видоа, не кажаа ништо, туку почнаа да се облекуваат. Исидора извлече влажни марамчиња и му даде на Антонио бидејќи беа испотени. Таа извади огледало од чантата и почна да си го брише лицето. На Антонио му беше непријатно, а Исидора си ја средуваше шминката на лицето како ништо да не се случило. Не можев да премолчам и возбудено ѝ реков: „Исидора каде си?! Каде се губиш?! Те барам насекаде! Свесна си дека вие не ја познавате околината и дека може да ви се случат многу лоши работи!“ Меѓутоа, Исидора не чувствувајќи никаква вина ми се развика: „Дора, зошто се однесуваш со мене како да сум дете?! Нема потреба да се грижиш за мене! Всушност, не сум сама, Антонио е со мене!“.
Другпат, би премолчела, но и јас вечерва бев вознемирена ѝ одговорив: „Добро Исидора, ти сè знаеш. Ова е голем град и се ви е непознато“.
Кога виде дека не попуштам, лицето ѝ се разнежи и почна да се смее и да раскажува: „Дора морам да ти кажам. Кога ми се јави Антонио, многу се израдував. Па кога слушнав дека сакал да ме види повторно, но бил зафатен и не стигнал да ми ѕвони, премногу ми беше мерак. А тој имал уште два интервјуа, теоретска вежба и го примиле. Чекал сè да заврши. И сега е примен на работа во позната информатичка фирма, што значи дека останува моментално овде. Десетина дена живеел во хостел додека да најде стан. Мислел на мене постојано, меѓутоа чекал да се среди, а потоа да се јави кај мене. И еве тука сме сега заедно и не можеме да си се изнагледаме еден на друг“.
Ѝдадов знак со глава дека ја разбрав и влеговме внатре. Тогаш почнуваше лотаријата. Им рекоа на сите да го гледаат бројот на картата. Премијата за бесплатен престој на семинар ја доби една девојка, а компјутерот го доби едно момче. Дојде на ред да се влече третата награда. Го прочитаа моето бројче. Многу ми беше мило. Решив тортата да се исече и да се послужи заедно со другите колачи. Сите ми ракоплескаа за мојата одлука.
Иво дојде до мене на платото, застана заедно со претседателот на студентите, ми честиташе ѝ ме бакна. Не сакав да правам сцени и замолчев. Почна да свири музика и Иво буквално ме грабна и први заигравме. Ни скандираат сите околу нас. Кога почнаа околу нас да се собираат и да играат, го тргнав Иво и отидов да седнам. Тој седна до мене и почна да ме прашува што ми е, меѓутоа јас одмавнав со глава и му кажав дека сум изморена и дека сакам да се одморам.
СТУДЕНТКА
Еротски приказни: АВАНТУРИТЕ НА ИСИДОРА