Еве како минува првиот ден од вакцинацијата против ковид-19: Фотогалерија од пунктот во Модуларната болница
фото: фејсбук профил на Венко Филипче
Во точно 10 часот утринава почна имунизацијата против корона вирусот на здравствените работници, а први ја примија д-р. Добринка Наунова и главната сестра Габриела Темелковска од Инфективната клиника. Министерот за здравство, Венко Филипче, оценува дека се е подготвено целиот процес на имунизација да се одвива без проблеми и дека во нареедните 10 дена би требало да заврши вакцинирањето со првата доза на сите 4.000 здравствени работници кои се пријавија досега.
- Системот добро функционира. Започнува со земање анамнестички податоци, краток преглед, административната работа, внесување на податоците за веќе закажаниот термин и закажување на следниот термин за ре-вакцинацијата после три недели и тоа интензивно се спремаше во овие изминати денови. Повеќе информации за тоа како помина првиот ден на вакцинацијата против ковид-19 и галеријата со фотографии, погледнете ги на фактор.мк