Еве како Немања ја изненади г-ѓа Гудељ за Денот на вљубените! Анастасија воодушевена: Го имам најдобриот сопруг!

Добивај вести на Viber

Таа со сите сподели каков подарок добила

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ на Денот на вљубените доби прекрасен подарок од својот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ.

Гудељ беше многу внимателен, па се погрижи за секој детаљ за да ја изненади својата сакана сопруга.

Голем букет црвени рози, балони во форма на срца и усни, бонбони и розов шампањ ја чекаа Анастасија на масата.

- Среќен Ден на вљубените, мое бебе! Те сакам засекогаш - напиша Гудељ на честитката, на која се потпиша како Буба, што е прекарот кој си го дале меѓусебно.

Анастасија јавно ги сподели своите зборови и рече:

- Го имам најдобриот сопруг на светот! Те сакам - напиша г-ѓа Гудељ. Погледнете како изгледа сѐ подолу.


Извор: www.telegraf.rs