Фановите во шок: Никол Кидман непрепознатлива на Инстаграм, што направи сега со лицето? (ФОТО)

Никол Кидман е една од најпрепознатливите холивудски фаци, освен кога ќе објави фотографија на Инстаграм

Имено, Никол позираше со режисерката Лулу Ванг, но фановите на 54-годишната актерка не знаат што точно се случило со нејзиното лице.

View this post on Instagram

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)


Секако, нејзиниот заштитен знак, мазна порцеланска кожа сè уште е тука, но нејзиното лице изгледа надуено и затегнато. Никол прво тврдеше дека нејзиниот совршен тен се должи на здравиот живот. Тогаш таа негираше дека некогаш била подложена на козметички зафати.

- Да бидам искрена, јас сум сосема природна. Носам крема за сончање и не пушам. Се грижам за себе. Со гордост можам да го кажам тоа – изјави таа во 2007-ма година за „Marie Claire“.

Четири години подоцна, таа призна дека отишла на ботокс.

– Пробав многу работи, но освен спортот и здравата исхрана, повеќето од нив не прават некоја значајна разлика – изјави таа во интервју за германскиот магазин „Tv Movie“. Пробав и ботокс, но не ми се допадна како изгледаше моето лице по него. Сега не го користам и конечно можам да го движам челото – рече таа.

View this post on Instagram

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)


Никол моментално ја снима драмата на Амазон  насловена „Expats“, која се базира на романот на Џенис Ј.К. Ли за екстравагантните животи на богатите иселеници. Снимањето во Хонг Конг започна минатиот август, кога во таа земја важеа силни мерки против ширење на коронавирусот.

Властите потоа објавија дека на Кидман ѝ било дозволено да избегне карантин за да може да започне со снимање. Сепак, таа морала да се вакцинира, да не го напушта сместувањето, редовно да се тестира и да известува кај властите за нејзините деловни контакти, пишуваат локалните медиуми.

Извор: avaz.ba