„Фантастично живеам и без љубов“: Марија Шерифовиќ ја отвори душата и откри зошто своите партнери не ги покажува во јавноста

Една од балканските најголеми музички ѕвезди ретко зборува за својот личен живот, но овој пат направи исклучок

Познатата поп пејачка Марија Шерифовиќ ретко открива во јавноста детали од својот приватен живот.

Таа живее меѓу Белград и Калифорнија. Таа оди таму, како што вели, да живее нормален живот, далеку од очите на јавноста.

Сепак, она што најмногу ја интригира и интересира јавноста во регионот е фактот што Марија никогаш никаде не се појавува во јавноста со нејзините емотивни партнери.

- Никој се уште не бил интересен, а камоли достоен да биде претставен, а од друга страна, моите досегашни избори не биле јавни личности, па нема потреба од тоа. Само пишувајте. Веќе неколку години ништо не се случува на љубовен план и тоа ми е одлично. Живеам фантастично и без љубов – открила Марија гостувајќи во емисијата „Премиера“.

Исто така, таа вели дека сака мирен живот, што во Србија е невозможно поради целото медиумско внимание со кое е опкружена, па спасот го бара во далечните земји.

- Со години одам во Калифорнија, бидејќи таму можам да живеам сосема обичен живот. Таму можам да живеам едноставен живот, во кој нема јавен живот - изјави Марија.

Истакна и дека со години е без партнер, но дека животот без љубов не и е тежок.


Тој е единствениот маж кој Марија Шерифовиќ го претстави како нејзино момче: Денес не би го препознале (ФОТО)