Фаталната „Бонд девојка“ полни 50 години: Никој не може да уништи жена како што може таа самата себе
Неприфаќањето на стареењето драстично го промени нејзиниот изглед.
Познатата американска актерка Дениз Ричардс денес го слави својот 50-ти роденден!
Фаталната заводничка со сини очи ги освои машките срца ширум светот уште во 1997 година со улога во филмот „Ѕtarship Troopers,“, а потоа и во филмот „Wild thing“ од 1998 година.
Една од нејзините најимпресивни улоги е секако улогата на девојката на Бонд во филмот „The World Is Not Enough“ за популарниот таен агент 007.
После тоа, таа се појави во бројни филмови, но светот сè уште ја памети како кобната „Бонд девојка“ со заводлив изглед, волшебна убавина и совршена фигура.
Сепак, денес Дениз многу се промени.
Стареењето, или можеби подобро кажано, неприфаќањето на стареењето драстично го промени нејзиниот изглед.
По бројните естетски зафати за да изгледа младешки, многумина коментираат дека Дениз денес изгледа како пластична кукла и дека кожата и е толку затегната што изгледа како да ќе пукне во секој момент.
За неа велат дека никој не може да уништи жена, како што може таа самата себе да се уништи.
Сепак Дениз одлично ја одржува нејзината линија.
Но, покрај коментарите за нејзиното „премногу пластично лице“, многумина негативно го коментираат и нејзиниот стил на облекување и ја советуваат веднаш да најде нов стилист.
Како Ви изгледа Дениз денес?
фотографии: PROFIMEDIA
извор:stil.kurir.rs