Федерер се качи на траект од 10 евра во Грција и ги шокираше туристите: „Не остави без зборови, кралy“

Роџер како и целиот нормален свет

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ги шокираше туристите во Грција бидејќи наместо со луксузни јахти, на кои често се гледаат светски познати спортисти, тој се превезуваше од остров на остров со траект.


Имено, легендарниот тенисер се опоравува од повреда, а додека не се врати на теренот, освен на тренинзите, реши да одмора и во Грција. Така, во последните неколку дена тој беше виден на островот Парос со семејството. Швајцарецот решил да има поинаков одмор, па тој и сите останати туристи ја користеле редовната траектна линија за превоз од остров до остров.

Секако, штом се појави на палубата на траектот, не остана незабележан, а многу туристи беа во неверување бидејќи го видоа еден од најдобрите тенисери на светот како трпеливо чека да премине на другиот брег и да плати билет од десет евра како и сите други, а не да изнајмуваа и купува скапи пловни објекти.


- Кога ќе помислам дека луѓето патуваат низ целиот свет и чекаат бескрајно во редици на билетарницата само за да те видат... Доволно беше да платиш 11,80 евра за да се качиш на нормален траект од Антипарос што оди до Парос за десет минути. Незаборавен ден, не остави без зборови, единствен кралу - изјави еден од туристите и тениските фанови кои беа на траектот во истиот момент со Федерер.

Извор: www.telegraf.rs