Филип Нуне наполни 30 години: Сопругата Мими му приреди забава за паметење

Добивај вести на Viber

Познатиот инструменталист Филип Нунески, кој е дел од бендот „Браќата Нуне“ вчера наполни 30 години.

За забавата на која беа неговите најблиски и соработници главна секако дека беше сопругата Мими Јовановска, која ги забавуваше сите.

Таа му приреди вистинско шоу, а доказ дека сите уживаа во убавата атмосфера се видеата кои говорат се.

„Ве сакам сите. За вакви моменти живееме да бидеме сите заедно. Какво изненадување“ - напиша Филип на Инстаграм.




Во поглед на облеката, Мими и Филип беа контрасно облечени, додека таа носеше бел костум со црни сандали, тој беше во црна маичка и панталони со бели патики.

Мими и Филип неодамна станаа и родители за прв пат на момче кое го носи името Никола.
View this post on Instagram

A post shared by Filip Nune (@filip_nune)



ФОТО: Инстаграм