(ФОТО) Гоца Тржан иста како Мадона

Пејачките Гоца Тржан и Ивана Петерс направија одлична атмосфера на белградскиот Фестивал на пивото. Тие настапија заедно со некогаш најпопуларната белградска група „Тап 011“, пеејќи ги омилените хитови од деведесетите.

„Најубаво е да пееш со најдобрите, а таа е мојата најдобра“, напиша Гоца Тржан за Ивана Петерс. Иако и двете имаат успешни соло кариери, групата понекогаш повторно се собира за настапи на барање на публиката.

На една од фотографиите од настапот, Гоца Тржан го истакна своето деколте. Носејќи корсет и спортски пантолони, таа доби комплименти за својот изглед.

„Гоца, овде страшно личиш на Мадона“, ѝ напиша еден од фановите под фотографијата. 

„На тебе секој килограм убаво ти стои. Ма каква Мадона, Гоца е Гоца“, одговори друг.