(ФОТО) Аеродромите повторно отворени: Мијата пресреќна на работното место
Денеска скопскиот и охридскиот аеродром се официјално отворени по пауза од речиси три и пол месеци со патувања кои ќе се реализираат по нови правила, согласно одлуката на Владата донесена на 23 јуни за повторно отворање на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид од 1 јули 2020 година, по нивното затворање на 19 и на 16 март годинава.
Пејачката и контролор на летање Наташа Крстевска, позната како Мијата веднаш објави фотографии од првиот ден, иако и досега со нејзините колеги одеа на работа како тимови за превенција.
„Покривањето од страна на контрола на летање е 24 часа затоа што има прелети, карго авиони, хеликоптери од војска и полиција, спортска авијација... Смените ни се редуцирани и поделени сме во тимови за превенција“, раскажа претходно Мијата за Женски магазин и рече дека прогласувањето на пандемијата бил таговен момент за аеродромот.