Младиот актер Жарко Димоски кој летово се обиде и во водителските води како домаќин на шоубиз-магазинот на 1ТВ, веќе подолго време е во врска со Андреа Јосифова.
Двојката не ја крие љубовта, а доказ за тоа се заедничките фотографии кои на социјалните мрежи досега ги споделуваше само Андреа. Вчера, конечно се охрабри и Димоски кој на инстаграм објави романтична слика.
Димоски кој е активен на повеќе сцени, на пошироката јавност ѝ стана познат како дел од ансамблот на „Театар Комедија“.