(ФОТО) БАКНЕЖ ВО ВИЕНА: Аделина Тахири објави фотографија со сопругот

Добивај вести на Viber

Аделина Тахири замина за Виена и најверојатно таму ќе ја дочека новогодишната ноќ. Атрактивната пејачка на „Инстаграм“ објави романтична фотографија од патувањето на која разменува нежности со сопругот кој не сака многу да се експонира во јавноста.


Атрактивната пејачка пред неколку месеци конечно проговори за бракот со познатиот адвокат Серјожа Марков кој сензационално одекна во јавноста, особено поради тоа што станува збор за партнери од различна националност.

- Љубовта меѓу нас се роди без да знам дека сум вљубена. Јоже ми беше многу добар пријател. Година и пол ме молеше да одиме на кафе. Не дека јас се занесував, но само што излегов од врска и немав потреба да се запознавам со никој - раскажа Аделина во едно интервју.

Ова е втор брак за нејзиниот избраник, во јавноста познат како поранешен адвокат на Сашо Мијалков и брат на сопругата на Иво Котевски. Пред пет години Марков беше избран за Почесен конзул на Република Молдавија во Република Македонија.