(ФОТО) Бел фустан, тренди чевли и 7 килограми помалку: Анџелина Џоли во шопинг со ќерките

фото:PROFIMEDIA

Актерката изгледа уште поослабена отколку пред неколку месеци кога папараците ја фотографираа и повторно беше мета на критики поради тежината.

Познатата актерка Анџелина Џоли го поминува целото слободно време со своите деца, бидејќи нејзините обврски се сведени на минимум за време на глобалната пандемија.

Деновиве, во шопинг со ќерките Захара и Вивиен, Анџелина носеше тесен, бел фустан под колената и тренди влечки со отворени прсти, кои беа полн погодок минатата сезона. Стајлинг кој одлично ѝ прилега.

Веднаш штом се појавија фотографиите во медиумите, повторно се создаде бура од критики и коментари дека Џоли е уште послаба од пред неколку месеци. Дежурните критичари дури направија проценка дека актерката ослабела уште седум килограми.

извор:glossy.espreso.rs

фотографии:PROFIMEDIA