Биба Додева ужива во времето поминато со својот внук, Умберто Александар. Пејачката и претседател на здружението „Борка“, на социјалните мрежи објави фотографија како меси крофни со цимет за новогодишните и за божиќните празници.
„Имам помош во кујната“, вели Биба. „Откако станав баба, повеќе се грижам за моето здравје“, изјави Биба неодамна на една конференција. Таа ги повика сите жени редовно да одат на мамографски преглед. На сликите кои ги објавува со ќерката Емануела, се гледа дека таа многу наликува на својата мајка.