(ФОТО) Божиќен подарок кој крие трогателна приказна: Мишел Обама го воодушеви Барак со изборот

Новогодишните и божиќните празници се период на подарување подароци на нaшите најблиски, а со неговиот подарок се пофали и поранешниот претседател на САД.

Мишел Обама (56) реши да му приреди изненадување на својот сопруг Барак Обама во вид на Божиќен подарок.

Поранешната прва дама на Америка му подари на својот сакан цртеж од терен за голф - дело на уметникот Валетин Диксон, по што воодушевениот Барак се пофали на Инстаграм.

"Делото е неверојатно, но приказната позади него е уште подобра. Валентин, уметникот пораснал во Бафало, Њујорк и имал голема страст кон уметноста од рана возраст. За жал, на 21-годишна возраст, тој бил неправедно обвинет за злосторство што не го сторил и бил осуден на минимум 38 и пол години затвор“, напиша Барак додавајќи:

„Повеќе од 20 години зад решетки тој тврдел дека е невин. Многу време подоцна се вратил на својата страст, уметноста, благодарение на советот на неговиот вујко, кој му рекол: „Ако го вратиш својот талент, ќе си го вратиш животот“.

Иако никогаш не го посетил теренот за голф, тој користел фотографии од списание за да наслика патека како оваа на сликата, а дури во 2018-та година биле пронајдени докази дека Валнетин не е виновен, по цели 27 години тој бил пуштен од затвор, објасни поранешниот претседател на САД и додаде дека е екстремно благодарен што ќе поседува дело од еден таков човек.


извор: stil.kurir.rs

(ФОТО) Мишел Обама има стомачни и во шестата деценија: Вака вежба поранешната прва дама на САД