(ФОТО) Братот на премиерот Зоран Заев наполни 43 години

Добивај вести на Viber

За Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев во јавноста не се знае многу. Во едно интервју тој за себе вели дека и е денеска е истиот што бил и од порано. Посветен на сопствените бизниси и на семејството. Работниот ден му започнува рано наутро со физичка активност, продолжува со работните обврски, па следува дружење со пријателите и семејството. 

Тој е татко на Ева Заева, која е многу популарна на социјалните мрежи и е во врска со Душко Чифлиганец.

Вице вчера наполни 43 години, а роденденот го прослави во кругот на најблиските. Неговата сопруга, Славица Заева сподели неколку фотки од забавата.

- Јас се гордеам што сум брат на Зоран Заев. Целото семејство е гордо на него. Секако дека и јас и сeмејството чувствуваме товар и одговорност, и тоа големи, токму поради тоа, како што велите вие, што е најмоќниот политичар во Македонија во едно време кое значи предизвик и шанса за државата. Прекрасно е чувството кое што го имам заради тоа што токму мојот брат е претседател на Владата на Република Македонија- изјави Вице во истото интервју.