(ФОТО) ЗАЕВА И ЧИФЛИГАНЕЦ УЖИВААТ НА БАЛИ

Добивај вести на Viber

Ева Заева и Душко Чифлиганец летуваат на Бали. 

Двојката која во последно време е сѐ поинтересна за медиумите, редовно објавува фотографии на „инстаграм“, особено од своите егзотични патувања.

Овојпат ја одбраа Индонезија, рајскиот остров на боговите, познат по кристално чистото море, белите песочни плажи, џунглите и високите вулкански планински масиви.

Ева е внука на Премиерот Зоран Заев. Веќе се остварува во улогата на моден дизајнер, а во едно интервју изјави дека покрај модата, вториот сон ѝ е поврзан со медицината. 

Душко, дипломиран економист, е син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец. И двајцата негуваат животен стил на кој многумина може да им позавидат.