(ФОТО) Цела соба само за луксузни брендови: Аделина Тахири живее на висока нога
Аделина Тахири навистина живее луксузно. Тоа може да се види по фотографиите кои редовно ги објавува на социјалните мрежи, особено на „Инстаграм“. Атрактивната пејачка носи само брендирани парчиња облека, а слабост и се чантите на Фенди и на Луј Витон, секоја вредна по неколку илјади евра.
Аделина е во брак со познатиот адвокат Серјожа Марков, врска која сензационално одекна во јавноста, особено поради тоа што станува збор за партнери од различна националност.
- Еден ден му реков: Јоже, јас треба да избирам меѓу тебе и татко ми и брат ми. Тие нема да прифатат. Тој, пак, ми одговори: Аделина, животот е многу краток и треба да го правиш тоа што ти го чувствуваш. Секако, одлучив да бидам со него. Зошто треба да имам предрасуди? Зошто треба да живеам за туѓи животи? Секако дека треба да живеам за себе. Моите многу добро го прифатија и тој и татко ми сега се многу блиски. Јас навистина сум многу среќна жена - појасни Тахири во едно интервју.