(ФОТО) Дури и јас научив да скијам: Тијана ужива со синот

Добивај вести на Viber

Тијана Дапчевиќ со семејството одмара во српскиот зимски центар Копаоник. На својот Инстаграм профил, Тијана објави дека годинава научила да скија.

„Ова е Ненад. Дури и мене ме научи да скијам. Не знам како. Маѓепсник е“, рече Тијана до фотографијата со нејзиниот ски-инструктор. Во скијањето очигледно ужива и Вук, синот на Тијана. Пејачката и актерка секој слободен миг го користи за патувања со семејството. Таа, иако живее во Белград, често доаѓа во Скопје за да се дружи сосвоите внуци, Хана и Дарен. 

На програмата на МТВ, секоја вечер ја гледаме во улогата на германката Ула, во серијата „Преспав“, а нејзината песна „Километри“ стана регионален хит.