(ФОТО) За сите мајки кои денес не се чувствуваат добро

Добивај вести на Viber

Познатата австралиска блогерка Џесика Худ со своите објави на социјалните мрежи успеа да побуди голем интерес меѓу родителите. Таа одлучи профилот на „Инстаграм“ да го искористи за демистификација на мајчинството и да ги долови оние вистински утрински рутини кои во виртуелниот свет се сокриваат.

Со своите следбеници сподели фотографија во пижами и без шминка под која напиша: „За сите мајки кои денес не се чувствуваат добро. Вака се разбудив јас. Очите ми се залепени, косата ми е хаос, здивот ми мириса како да сум умрела и имам чувство како да не сум спиела ни десет минути. Сакам сите да видите како навистина изгледа една мајка која станува од спиење. Децата веќе се расправаат и врескаат дека сакаат појадок и „јутјуб“, а сопругот се надева на утрински секс“.

Џесика објаснува дека ѝ здосадило да гледа намонтирани фотографии, измислени објави во кои се’ изгледа совршено. Оние жени и мајки кои редовно ја следат ја пофалија за искреноста и почнаа да споделуваат и свои искуства.