(ФОТО) Го изгуби спорот со поранешниот сопруг, а ова се сите мажи на Северина

Неколкупати беше верена, делеше ист покрив со музичар, келнер, сопственик на фитнес-центар, со неколку бизнисмени.. Денес е во брак со поранешниот фудбалер Игор Којиќ

Најпопуларна тема деновиве во судовите е Северина. Таа беше судена за навреда на нејзиниот поранешен.

Помина една година откако поранешниот партнер на Северина, Милан Поповиќ, се пријави во Центарот за социјални работи за начинот на кој таа му се обратила по електорнска пошта. По една година, судот не ја промени одлуката и Северина ја прогласи за виновна. Таа ќе треба да му исплати парична казна на својот поранешен сопруг.

Додека се крева прашина околу пресудата која оди на штета на Севе, ве потсетуваме на сите љубови на атрактивната пејачка.

Првото момче кое Северина не го криеше од јавноста е вокалистот на групата „Којоти“, Ален Марин. Имаа кратка и бурна врска на почетокот на 90-те. Марин ја побара за жена, но брзо потоа се разидоа без фама во медиумите. Несудениот сопруг на сплитската пејачка подоцна се ожени со актерката Горана Врдољак со која има ќерка.

Сите се сеќаваат на нејзиното „домашно видео“. Во јавноста се појави летото 2004 година кога Северина беше верена со бизнисменот Среќко Варгек. По аферата, двојката ја прекина врската.

Следната година пејачката се заљуби во тогаш 26-годишниот бизнисмен Мате Чуљак. Заедно беа повеќе од една година, а во меѓувреме и се верија. „Се разделивме како пријатели, немаше трета личност во нашата врска“, изјави во тоа време Северина.

Летото 2008 година почна да се забавува со Славко Шаиновиќ, бизнисмен и поранешен келнер. И со него се вери. 

Медиумите пишуваа дека конечно го пронашла вистинскиот партнер, но по три години во нејзиниот живот се појави Милан Поповиќ во кој наводно се вљубила додека му пеела на роденденската забава. Со српскиот „крал на бакарот“, како што го нарекуваат медиумите, Северина се реализира и како мајка. 

Во ноември 2015 година се омажи за поранешниот фудбалер Игор Којиќ.