(ФОТО) Хилари Даф се породи дома

Познатата холивудска актерка, Хилари Даф и нејзиниот партнер Метју Кома, вчера објавија дека претходниот четврток, на 25-ти октомври станале родители на ќерка.

Таткото е пресреќен поради приновата и веќе ја нарекува „мала принцеза“, а актерката го откри името на ќерката која ќе се вика Бенкс Вајолет  Блер.


Хилари откри дека ќерката ја родила во нивниот дом, а нивните Инстаграм профили се веќе преплавени со фотки од бебенцето.

Од претходниот брак со Мајк Комри, актерката го има синот Лука.