Илина Арсова, единствената Македонка која се искачи на највисокиот врв во светот, Монт Еверест, по третпат го освои Мон Блан, највисокиот врв во Западна Европа.
Мон Блан кој во превод значи бела планина е највисокиот врв на Алпите и втор највисок врв на Стариот континент по кавкаскиот Елбрус со надморска височина од 4810 метри.
- Честитки на моите прекрасни пријатели кои покажаа дека со голема волја, дисциплина и тренинг ништо не е недостижно. Ми беше задоволство да ја придружувам оваа мала и единствено уникатна група до врвот Монт Блан, секако со помош на искуството и ентузијазмот на Иле. За мене ова беше третпат на врвот на прекрасните Алпи каде мислам дека постојано ќе се навраќам. Нека ни е среќен - напиша Арсова на социјалните мрежи.