(ФОТО) Имам широк нос, црвенило и акни: Елена Ристеска порача дека не е совршена
Елена Ристеска сподели интересна објава на „Инстаграм“ со која на фановите им порачува дека нема комплекс за својата убавина. Пејачката нагласува дека нема проблем отворено да зборува за своите мани.
„Утрово се разбудив ваква. И имам широк нос, црвенило, акни, подочници, имам кратки трепки, несовршени веѓи и уште многу несовршености. И да , не сум совршена. А кому му е битно? Се сакам себе си, како и да е“, пишува Ристеска под фотографијата на која е сликана без шминка.
„Не се гледа на фотката, но не сум доволно висока и не сум доволно слаба. Доволно? Според она што општеството го одредува дека е доволно. Па.. Немојте никогаш да дозволите некому да направи да се сомневате во себе си. Секогаш чекајте го оној кој ќе ги обожава вашите несовршености“, вели таа.