(ФОТО) Ја глумеше Пипи Долгиот Чорап, сега е непрепознатлива: Актерката Ингер видно остарена

Актерката Ингер Нилсон ја глумеше познатата Пипи Долгиот Чорап и истоимениот филм и серија, кои беа емитувани во 1969 и 1970 година.

Легендарната приказна за суперхерој со плетенки ја создаде Астрид Линдгрен, а милиони деца сè уште мислат дека таа изгледа точно како што ја прикажал Ингер на малите екрани.

Вака:

foto: pintrest

Ингер открила дека дознала за аудицијата додека гледала телевизија со нејзиниот татко кога имала 8 години.

„Водителката рече дека планираат да ја снимаат Пипи и дека бараат три деца. Тато се сврте кон мене и ме праша дали сакам да се пријавам на аудиција, а јас реков да“, раскажа еднаш актерката, откривајќи дека 8.000 девојчиња се пријавиле на кастингот во тоа време.

Таа ја доби улогата, а потоа започна вртоглавиот успех. Сепак, призна дека не и било лесно на училиште, но научила дека работите во животот се „и добри и лоши“.

„Тоа беше мојот живот од 8-годишна возраст. Не знаев поинаку, морав да се навикнам“.

Ингер ја доби наградата за најпопуларен лик на телевизија и филм за оваа улога. Денес има 61 година, работи како секретарка во компанија и повремено глуми во театар.

Вака изгледа сега.


Foto: pintrest/youtube