Момче ја побара за жена својата девојка, на Плоштадот Македонија во Скопје за време на настанот „Винтерленд“ .
Тој клекна пред својата сакана со песната „All Of Me“ од Џон Леџнд, која се смета за една од најромантичните песни на сите времиња. За убавата атмосфера, тој запали и свеќи во вид на срце.
Присутните на Плоштадот со овации и со аплаузи ѝ честитаа на идната брачна двојка.