(ФОТО) Каде е денес убавата Наташа од серијата „Жикина династија“
Гала Виденовиќ, која ја играше убавата русинка Наташа во серијата „Жикина династија“ и важеше за секс симбол во поранешна Југославија, по долги години се врати од САД во Србија. Убавата актерка вели дека ја напуштила Србија токму поради големата популарност која почнала да ѝ пречи и дека во Америка си го пронашла својот мир.
Гала денес има 49 години и изгледа одлично
„ Ја обожавам Србија, но таа просто тогаш не ми припаѓаше на мене, мојот центар на светот во тие години беше Малибу во Калифорнија. Заминав за Америка за да избегам од празната, лошата и грешна средина каква што беше мојата земја во тоа време. Сакав да освојам поширок простор. Не заминав во САД поради некој холивудски сон, основна цел ми беше актерството. За мојата кариера, се грижеше менаџерот на Стинг. Требаше да се одлучам помеѓу работата која носи многу, но уште повеќе- го руши личниот мир. Немав голема дилема. Денес гледам дека холивудскиот сон не е мерило за успех како некогаш, затоа што Америка веќе не е центар на светот“, изјави актерката.
Гала за „Курир“ раскажала и зошто се повлече од јавниот живот. Она што малкумина го знаат е податокот дека додека ја немало во јавниот живот, таа всушност творела.
Гала со сопругот, режисерот Владимир Алексиќ
„ Да нема забуна, не сум правела никаква пауза. За тоа време, се занимавав со важни работи: учење, семејство, јас создавав“, рекла актерката.
Во САД, таа живееше ов 1989 година. Нејзин сопруг е режисерот Владимир Алексиќ, со кој ги има синовите Дамјан и Павле. Пред неколку години, Гала доживеа тешка сообраќајна несреќа кога на пешачки премин на неа налета еден несовесен возач и ѝ нанесе тешки последици.
По таа повреда, замина на одмор на Бали, по кој изјави дека ја запозналка хинду филозофијата на живеењето.
Денеска, таа има 49 години и сѐ уште изгледа одлично.