Приказни,
Семеен Албум
(ФОТО) Како вистински принцези: Ќерките на Гавазова во празнична фотосесија
- 18 Декември, 2020
Сузана Гавазова пред некој ден ја украси Новогодишната елка со помош на своите ќерки Емили и Селена.
Во новата празнична фотосесија, двете русокоси девојки позираа како вистински принцези во преслатки фустанчиња покрај елката.
Пејачката неодамна во интервју за Женски магазин ни откри дека нејзините девојчиња покажуваат афинитети кон музиката, можеби една од нив ќе ја наследи мама, а можеби и двете ќе станат успешни пејачки како Сузана Гавазова.