(ФОТО) Катарина Ивановска во планинска идила

Добивај вести на Viber

Катарина Ивановска ја пречека Новата година на планина. Моделот со светска кариера објави идилична фотографија од семејната викендица во Маврово, каде што одмара со сопругот и со синот. 

Катарина и нејзиниот сопруг Цобе, во мај во 2017 година станаа родители на Вања. Катарина, која соработува со многу светски модни брендови, кога не е ангажирана на снимања или модни ревии, ужива во миговите поминати со семејството.