(ФОТО) Кјара Ферањи ќе стане мајка по вторпат: Преслаткото синче ја соопшти веста
Ѕвездата и модна икона од Истаграм, италијанката Кјара Ферањи сподели среќна вест со своите следбеници. Имено таа е бремена по вторпат, и го очекува второто дете со сопругот, музичарот Федез.
Веста ја соопшти нивното синче Лео, држејќи фотографија од ултразвук на бебето.
- Нашето семејство се зголемува. Лео ќе биде големо братче- напиша 33-годишната блогерка под преслатката фотографија.
Кјара Ферањи е модна икона со над 21 милиони следбеници на Инстаграм, глобален амбасадор на неколку светски модни брендови и поубава половина на италијанскиот рапер Федез и мајка на синчето Леоне Лучиа.
Таа е веќе одамна е позната на светската јавност, и важи за доста влијателна личност во светот на модата. Според Форбс, оваа млада дама сосема заслужено го држи местото број 1 на листата за највлијателен моден блогер за 2017-та година. Својот блог „The Blonde Salad’’ , таа започнува да го пишува уште во 2009-та година, кога феноменот ,,моден блог’’ започнува да се шири низ светот.