Теона, ќерката на Сузана Спасовска, ќе се мажи. Таа на својот профил на „Фејсбук“ се пофали дека му кажала „ДА“ на своето долгогодишно момче Виктор Велковски, кој е музички продуцент.
Запросувањето се случило симболично на нејзиниот роденден.
Една од најангажираните пејачки на домашната фолк-сцена никогаш не ја експонирала ќерката во медиумите.
- И јас и таа сметаме дека таа има свој свет и свој живот независно од популароста на мајка ѝ. Преубаво пее, но засега нема воопшто желба да биде на естрадата. Многу е трудољубива, самостојна и интелигентна.Среќна сум што ја сака македонската музика што не е случај со денешната младина. Мојата ќерка е моето сонце, моето сѐ – раскажа Сузана Спасовска во интервју за „Антена“ пред неколку години.