(ФОТО) Ќерката на Тања и на Предраг наполни 23 години

Добивај вести на Viber

Нела, ќерката на актерите Тања Кочовска и Предраг Павловски денска полни 23 години. Тања на својот Фејсбук профил ѝ го честиташе роденденот на ќерката. 

Кочовска ретко објавува семејни фотографии на социјалните мрежи, но по оваа денешната, се гледа дека Нела многу наликува на своите родители. 

„ Александар има 28 години ,а Нела има 22. Александар заврши факултет за туризам, а Нела е апсолвент на филолошки факултет. Тие се деца кои се израснати со двајца актери, а актерскиот живот не е баш едноставен. Тоа се деца кои никогаш не ми повишиле тон и се благодарни на сѐ што сме им дале во животот. Не дека некогаш не знаат да изненадат, хахахаха. Се чувствувам многу горда мајка со добро воспитани деца“, изјави Тања за своите деца во претходно интервју за Женски магазин.