(ФОТО) Кое е 18 години помладото момче на Моника Белучи?

Добивај вести на Viber

Николас Лефевре е новото момче на Моника Белучи. Италијанската актерка најде утеха во 18 години помладиот француски уметник кој поседува галерија во Париз. 

Николас од претходна врска има шестгодишна ќерка, а откако светските медиуми ја обелоденија неговата романса со филмската дива, на неговиот профил на Инстаграм преку ноќ доби илијадници нови следбеници.

По разводот со колегата Винсент Касел со кого има две ќерки, Белучи долго време умешно го криеше приватниот живот, се до пред некој ден кога папараците ја уловија како со Лефевре разменува нежности во француската метропола.